УСТАВНО ПРАВО 1.Државјанин на Република Македонија може да биде предаден на друга држава: -не може да биде предаден на друга држава,освен врз основа на ратификуван меѓународен договор,со одлука на суд. (амандман 32) 2. Кога може да му биде одземено државјанството на државјанин на Република Македонија? -Не може да му биде одземено. (чл.4 Устав) 3. Границата на Република Македонија може да се менува: -само во согласност со Уставот,а врз приципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми. (амандман 1) 4. Согласно Преамбулата на Уставот кои народи се граѓани на Република Македонија? -Македонскиот народ ,како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот,турскиот,влашкиот народ,српскиот народ,ромскиот народ,бошњачкиот народ и другите. (амандман 4) 5. Кој е службен јазик во Република Македонија? -На целата територија во РМ и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните ,исто така е службен јазик и негово писмо. (амандман 5) 6. На кој јазик се издаваат личните документи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик? -Се издаваат на македонскиот јазик и неговото писмо,како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон. (амандман 5) 7. Кој одлучува за употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа? -Одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа. (амандман 5) 8. Кој јазик граѓаните го користат во комуникација со Министерствата? Секој граѓанин во комуникацијата со министерството може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо,а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото писмо,како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. (амандман 5) 9. Државни симболи на Република Македонија се: - грб,знаме и химна (чл.5 устав) 10. Како граѓаните на Република Македонија ја остваруваат власта? -Преку демократски избрани претставници,по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.( чл.2 устав) 11. Какво мнозинство е потребно за да се донесе закон за државните симболи? -Двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.5 устав) 12. Колку може да трае мерката притвор до подигнување на обвинение? Најдолго 180 дена од денот на притворувањето.(амандман 3) 13. Кога се донесени амандманите IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII,XIV, XV, XVI, XVII и XVIII и врз основа на кој документ? -16.11.2001 година со Одлука за прогласување на амандманите а врз основа на Охридскиот рамковен договор. 14. Во остварувањето на своите права, што може припадниците на заедниците да преземаат?
-Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница. -Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. -Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет. -Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик (амандман 8) 15. За припадниците на заедниците, на кој јазик се одвива наставата во основните и средните училишта? Имаат право на настава на својот јазик.Во учлиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик. (амандман 8) 16. Како се дефинира посебно мнозинство за гласање во Собранието наРепублика Македонија (двојно гласање)? - Што е Бадентеров принцип? Бадентеровиот принцип е неформален механизам за заштита на малцинствата од доминација или дискриминација направена од страна на мнозинството, воведен по предлог на Роберт Бадентер, француски сенатор, експерт по уставно право, кој во преговорите по повод воениот конфликт во 2001 година требаше да даде експертска помош. Принципот, кој инаку никаде не е дефиниран ако таков, е врзување на одредено право со одредена застапеност на групата што таквото право треба да го користи. Бадентеровиот принцип е принципот на глас, право поради 20-процентна застапеност. Принципот има двојна улога. Првата е да се заштити одредена карактеристика на немнозинските етнички заедници (пред сé заштита на културниот и на јазичниот идентитет) и, втората, да се заштитат овие заедници од „надгласување“ од страна на мнозинството при донесувањето одлуки што директно се однесуваат на нивните права (воведување двојно гласање во Собранието и во советите на локалната самоуправа за точно одредени прашања). За „двојното мнозинство“ во рамковниот договор стои: „На централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да може да се усвојат без квалификувано мнозинство на две третини од гласовите, во чии рамки ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што тврдат дека припаѓаат на заедниците што не се мнозинско население во Македонија. За донесување закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболите, како и на законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници, ќе мора да постои мнозинство од гласови, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласови на пратениците што тврдат дека припаѓаат на заедниците што не се мнозинско население во Македонија. Во случај на спор, за примената на ова мнозинство одлучува Комитетот за односи меѓу заедниците“. Во 2007 година Комитетот за односи меѓу заедниците подготви листа од 44 закони (претходно договорена меѓу главните политички актери од македонскиот и албанскиот блок во согласност одредбите на рамковниот договор и уставните амандмани што произлегоа од него).
За законите кои директно се однесуваат на културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници (обично мнозинство), при што мора да има мнозинство гласови од
присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (т.н.Бадентерово мнозинство). Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците (амандман 10) 17. За кои закони се користи двојно гласање? -За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите,Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници,при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците. Истото мнозинство е потребно за избор на народниот правобранител (Омбудсманот – Амандман XI), за избор на три члена на Судскиот совет од вкупно 15 члена (Амандман XIV) и за три од вкупно девет судии на Уставниот суд (Амандман XV). Амандман VI регулира соодветна и правична застапеност на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, вклучувајќи го и Советот за безбедност на Претседателот на Републиката (за тројца членови), изборот на јавни обвинители, во аминистрацијата итн. 18. Кој го бира Народниот правобранител? Собранието на РМ,по предлог на надлежната комисија на Собранието. (чл.5 ЗНП) 19. Како се избира Народниот правобранител? Со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници,при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во РМ. Со мандат од 8 години и право на повторен избор(чл.5 ЗНП) 20. Кои овластувања ги има Народниот правобранител? Ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти,дејствија и пропуштање на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеностна припадниците на заедниците во органите на државнаа власт,органие на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби. (амандман 11) 21. Со Амандман XI на Уставот на Република Македонија, на кои начела Народниот правобранител посветува особено внимание? На заштита на начелата на недискриминација,соодвена и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државнаа власт,органие на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби. (амандман 11) 22. Кој го основа Комитетот за односи меѓу заедниците? -Собранието на РМ. (чл.2 ЗКОМЗ) 23. Како се обезбедува соодветна и правична застапеност во Уставниот суд? -Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор (амандман 15) 24. Со какво мнозинство се носи законот со кој се уредуваат прашањата за локална самоуправа? -со 2/3 мносинство гласови од вкупниот број пратеници,при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ. (амандман 16) 25. Кога може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата идругите облици на комуникација?
-Врз основа на одлука на суд,под услови и во постапка утврдена со закон ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела,заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката. (амандман 19 ) 26. Кои лица со наполнети 18 години немаат избирачко право? Секој граѓанин со наполнети 18 год живот стекнува избирачко право. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност. (чл.22 устав) 27. Во Република Македонија смртна казна може да се изрече: - не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ. (чл.10 устав) 28. Кога се дозволува присилна работа? -не е дозволена, се забранува присилна работа. (чл.11 устав) 29. Кој е временски максимум на лишување од слобода пред лицето да биде изведено пред судија? Најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода. (чл.12 устав) 30. При лишување од слобода или приведување, кои права ги има лишеното лице? Мора веднаш да биде запознаено со причините за неговото повикување,приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава.Лицето има право на бранител во полициската или судската постапка.Мора веднаш а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода да биде изведено пред суд. (чл.12 устав) 31. Како се дефинира презумпцијата на невиност? Лицето обвинето за казнено дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. (чл.13 устав) 32. Доколку лицето е незаконито лишено од слобода, какво право има? На надомест на штета и други права утврдени со закон.(чл.13 устав) 33. Во кои случаи лице може да биде казнето за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело. Во ниеден случај. (чл.14 устав) 34. Дали може лице повторно да биде судено за дело за кое веќе билосудено и за кое е донесена правосилна судска одлука? -Не. (чл.14 устав) 35. Кога се дозволува цензура на средствата за информирање? Цензурата е забранета. (чл.16 устав) 36. Дали Уставот го гарантира правото на слобода на вероисповед? Да (чл.19 устав) 37. Што може граѓаните да преземаат заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања, односно преку кои облици ја изразуваат слободата на здружување? - На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. -Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост. Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија. (чл.20 устав)
Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест. (чл.21 устав) 38. Во кои случаи не се дозволува основање на здруженија на граѓани? Забранети се воени и полувоени здруженија на граѓани што не им припаѓаат на вооружените сили на РМ. (чл.20 устав) 39. Кога може да биде ограничено правото на мирен собир? Во услови на воена и вонредна состојба. (чл.21 устав) 40. Со каков акт може да се ограничи правото граѓанинот слободно да го избира своето живеалиште? Со закон,единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката,водење на кривична постапка или за заштита на здравјето на луѓето. (чл.27 устав) 41. Како го гарантира правото на сопственост Уставот на Република Македонија? -Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување -Сопсвеноста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа,освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. -Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност (чл.30 устав) 42. Под кои услови странско лице може да стекнува право на сопственост во Република Македонија? Под услови утврдени со закон. (чл.31 устав) -под исти услови како и домашните лица (закон за соопственост) 43. Со што се уредуваат правата на вработените и нивната положба? Со закон и со колективни договори. (чл.32 устав) 44. Со каков акт може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили,полицијата и органите на управата? Со закон. (чл.37 устав) 45. Преку кои форми граѓаните може да ги остваруваат своите економскии социјални права ? - Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата. (чл.37 устав) 46. Кога лице помладо од 15 години може да биде вработено? Не може да биде вработено. (чл.42 устав) 47. Со што се уредуваат условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот? Со закон.(чл.46 устав) 48. Под кои услови и каде граѓаните имаат право да основаат приватнио бразовни установи? Под услови утврдени со закон,во сите степени на образованието,освен во основното образование. (чл.45 устав) 49. Пред кои органи граѓаните може да се повикаат на заштита на своите слободи и права согласно Уставот на Република Македонија? -пред судовите и пред уставниот суд на РМ во постапка заснована врз начелата на приоритет и итнност. (чл.50 устав)
50. Кога влегуваат законите во сила ? -најрано осмиот ден од денот на објавувањето а по исклучок,што го утврдува Собранието,со денот на објавувањето. (чл.52 устав) 51. Кога може законите и другите прописи да имаат повратно дејство заграѓаните? -неможат да имаат повратно дејство освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните. (чл.52 устав) 52. Како се дефинира адвокатурата? -самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон. (чл.53 устав) 53. Кога може да се ограничат слободите и правата на граѓаните? -Само во случаи утврдени со Уставот. -за време на воена или вонредна состојба. (чл.54 устав) 54. Какво правно дејство има Уставот на Република Македонија? -спрема сите 55. Кои права не можат да бидат ограничени? -правото на живот,забрана на мачење,на нечовечко и понижувачко постапување и казнување,на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста. (чл.54 устав) 56. Во кои случаи може да се ограничи слободата на пазарот и претприемништвото? -со закон, единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природата, животната средина или здравјето на луѓето. (чл.55 устав) 57. Што им се гарантира на странските вложувачи? -право на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. (чл.59 устав) 58. Кога може да се намалат правата стекнати врз основа на вложениот капитал? -не можат да се намалуваат со закон или друг пропис. (чл.59 устав) 59. Со кој акт се уредува организацијата и работата на Народната Банка на Република Македонија? -Со закон. (чл.60 устав) 60. За кои прашања е одговорна Народната Банка на РепубликаМакедонија? -за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство. (чл.60 устав) 61. Преамбулата на Уставот на Република Македонија е: -позиционирана пред самиот Устав,односно пред неговиот наслов и не претставува составен дел на Уставот.Не содржи правни норми,одвоена е од нормативниот текст на Уставот и не е систематизирана во членови.Пишувана е во свечен тон и декларативен карактер. 62. Согласно концептот за народен суверенитет, кој е неразделен од демократијата, членот 2, став 1 од -Уставот на Република Македонија, утврдува дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на: Граѓаните. (чл.2 устав) 63. Членот 12 од Уставот на Република Македонија пропишува дека лицето повикано, приведено или лишено од слобода: -Мора веднаш да биде запознаено со причините за неговото повикување,приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка. (чл.12 устав) 64. Во Република Македонија одлука за притвор може да донесе: -Судот. (чл.12 устав) 65. Лицето лишено од слобода:
-мора веднаш а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода,да биде изведено пред суд кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето. (чл.12 устав) 66. Уставот ја гарантира неприкосновеноста на слободата на човекот. Во оваа смисла, согласно член 12, став 1 од Уставот: -Никому не може да му биде ограничена слободата,освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон. (чл.12 устав) 67. Притворот, до подигнувањето на обвинението: -По одлука на суд може да трае најдолго 180 дена од денот на притворањето. (амандман 3) 68. Лицето обвинето за казниво дело: -Ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. (чл.13 устав) 69. Согласно член 14, став 1 од Уставот: -Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. 70. Според член 14, став 2 од Уставот: -Никој не може повторно да биде осуден за дело за кое беќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука. 71. Во однос на слободниот пристап кон информациите, Уставот на Р.Македонија: -Се гарантира слободен пристап кон информациите,слободата на примање и пренесување на информации. (чл.16 устав) 72. Уставот на Р. Македонија ( член 16, став 4 и 5): -Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. 73. Според Уставот на Р. Македонија (член 16, став 6): -Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. 74. Уставот ја гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите другиоблици на општење. Сепак, дозволува ограничување на оваа слобода под определени услови и од надлежен орган: -ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката. (амандман 19) 75. Со Амандманот VII се внесоа измени во членот 19 на Уставот на Р.Македонија. Со него: Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелиско-методистичката црква,Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон. Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква,Евангелиско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. 76. Уставот на Р. Македонија на граѓаните им гарантира слобода на здружување заради остварување и заштита на нивните политички,економски, социјални, културни и други права и уверувања и граѓаните можат слободно да основаат здруженија и политички партии. Во поглед на програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните Уставот пропишува дека: -Не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална,расна или верска омраза или нетрпеливост. (чл.20 устав)
77. Согласно член 21 од Уставот на Р. Македонија: Граѓаните имаа право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.Користењето на оваа право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба. 78. Уставот утврдува дека секој граѓанин има право слободно да се движи на територијата на Р. Македонија и слободно да го избира местото на своето живеалиште, како и да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во неа. Сепак, остварувањето на овие права може да сеограничи: -со закон,еднствено во случаите кога е тоа поребно заради заштита на безбедноста на Републиката,водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето. (чл.27 устав) 79. Уставот ја гарантира неповредливоста на домот (член 26) .Сепак, ова право може да се ограничи под определени услови.Кои? Со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето. 80. Во однос на слободите и правата, странците во Република Македонија: Уживаат слободи и права гарантирани со Уставот,под услови утврдени со закон и меѓународни договори. (чл.29 устав) 81. Во однос на стекнување на сопственост, странско лице во РепубликаМакедонија: Може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон. (чл.31 устав) 82. Во врска со правото на работа, Уставот на Р. Македонија пропишува: Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому под еднакви услови,му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен,неделен и годишен одмор.Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и новната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. (чл.32 устав) 83. Согласно член 33 од Уставот на Р. Македонија: Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. 84. Социјалната заштита и социјалната сигурност на македонските граѓани, согласно начелото на социјална праведност, афирмирано со Уставот, е грижа на: -Републиката. (чл.35 устав) 85. Уставот ( член 42) гарантира посеба заштита на : -Мајчинството,децата и малолетните деца. Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено. Малолетните лица и мајките имат право на посебна заштита при работа. Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот. 86. Членот 43 од Уставот го гарантира правото на секој човек на здрава животна средина, но и должноста на секој да ја унапредува и штити истата. Кој е должен да обезбедува услови за остварување на ова право? -Републиката 87. Граѓаните на Р. Македонија, имаат право да основаат приватни образовни институции, под услови утврдени со закон: -во сите степени на образованието,освен во основното образование. (чл.45 устав) 88. Во врска со научното, уметничкото и другите видови творештво,Уставот во член 47 вели: -Се гарантира слобода на научното,уметничкото и на другите видови творештво.
Се гарантираат правата што произлегуваат од научното, уметничкото или др видови интелектуално творештво. Републиката го поттикнува,помага и штити развојот на науката, уметноста и културата. Републиката го потикнува и помага научниот и технолошкиот развој. Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот. 89. Со Амандманот VIII на Уставот на Р.Македонија, во духот на слободното изразување, негување и развивање на идентитетот на заедниците се гарантира и: -Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница. Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет. Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик. 90. На странските вложувачи во Р. Македонија: -им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. (чл.59 устав) 91. Адвокатурата, според член 53 од Уставот е: -е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон. 92. Слободата на говор и јавен настап: -се гарантира со Уставот. (чл 16 устав) 93. За поднесената претставка до државните органи и другите јавни служби, односно изнесените ставови во неа, граѓанинот: -не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици,освен ако со нив не сторил кривично дело. (чл.24 устав) 94. Според Уставот на Република Македонија (член 54) -Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот. Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол,раса,боја на кожа,јазик,вера,национално или социјално потекло,имотна или општествена положба. Ограничувањето не може да се однесува на правото на живот,забрана на мачење,на нечовечко и понижувачко постапување и казнување,на правна одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето,совеста,мислата,јавно изразување на мислата и вероисповеста. 95. Уставот на Република Македонија го гарантира правото на сопственост. Во поглед на гаранцијата на сопственоста, Уставот утврдува дека: -Се гарантира правото на сопственост и правото на нследување -Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата -Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа,освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за доброто на поединецот и на заедницата. Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопсвеноста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност. (чл.30 устав)
96. Уставот го гарантира правото на граѓаните да основаат синдикати заради остварување на нивните економски и социјални права. Во поглед на условите за остварување на ова право, Уставот пропишува дека: -со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили ,полицијата и органите на управата. (чл.37 устав) 97. Во врска со автономијата на високообразовните институции, Уставотна Република Македонија: -на Универзитетот му се гарантира автономија. Услови за основање,вршење и престанок на дејноста на универзитетот се уредуваат со закон.(чл.46 устав) 98. Пратениците уживаат т.н „материјален имунитет", кој што се однесува на нивната работа во Собранието. Во рамките на истиот, пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за: -искажано мислење или за гласање во Собранието. (чл.64 устав) 99. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него ако: -е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. (чл.64 устав) 100. Според Уставот, пратеникот може да поднесе оставка. Оставката ја поднесува: -лично на седница на Собранието. (чл.65 устав) 101. За примената на Деловникот во работата на Собранието се грижи: -претседателот на Собранието. (чл.67 устав) 102. Согласно Уставот, автентично толкување на законите дава: -Собранието на РМ. (чл.68 устав) 103. Според Уставот, надлежен орган за амнестија е: -Собранието на РМ. (чл.68 устав) 104. Кој е надлежен за ратификација на склучените меѓународни договори? -Собранието на РМ. (чл.68 устав) 105. За закони кои директно ги засегаат културата, јазиците,образованието, личните документи и употребата на јазиците,Собранието одлучува: -со мнозинство гласови од присутните пратеници,при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ.(амандман 10) 106. Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста: -со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.70 устав) 107. Собранието е должно да распише рефрендум кога предлог ќе поднесат: -најмалку 150 000 избирачи. (чл.73 устав) 108. До промена на границата на Р. Македонија, согласно Уставот, може да дојде само врз основа на: -принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми. (амандман 1) - Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи. (чл.74 устав) 109. Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување воена состојба донесува: -Претседателот на РМ и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане (чл.125 устав)
110. Претседателот е должен да го потпише указот за прогласување на законот: -доколку според Уставот, законот се донесува со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.75 устав) 111. Народниот правобранител се избира: -за време од 8 години,со право на уште еден избор. - со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (амандман 11 и ЗНП) 112. Комитетот за односи меѓу заедниците е составен: -од 19 члена од кои по 7 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратеницие Турци,Власи,Роми,Срби и Бошњаци.(амандман 12 ) 113. Врховен командант на вооружените сили на Р. Македонија, според Уставот е: -Претседателот на РМ (чл.79 устав) 114. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот, по сила на Уставот, функцијата претседател на Републиката,до изборот на нов претседател ја врши: -претседателот на Собранието. (чл.82 устав) 115. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател наРепубликата: -тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување. (чл.82 устав) 116. Претседателот на Р. Македонија: -ја претставува Републиката, е врховен командант на вооружените сили на РМ,своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите. Се избира на општи,непосредни и слободни избори ,со тајно гласање,за време од 5 год. За претседател на Републиката едно исто лице може да биде избрано најмногу два пати. (чл. 79 и чл.80 устав) -го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; - ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; - ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; - предлага двајца членови на судски совет на Републичка Македонија - именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; - именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; - доделува одликувања и признанија во согласност со закон; - дава помилување во согласност со закон и - врши други функции утврдени со Уставот (чл.84 устав) 117. Амбасадорите и пратениците на Р. Македонија во странство, ги поставува и ги отповикува: - Претседателот на Р. Македонија. (чл.84 устав) 118. При именувањето на тројцата членови на Советот за безбедност,Претседателот на Р. Македонија, според Амандманот XIII: -ќе обезбеди составот на Советот,како целина да го одразува составот на населението на РМ. 119. Имунитет во Владата имаат: -Претседателот на Владата. (амандман 23) 120. Функцијата претседател на Владата и министер: -е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии. (чл.89 устав) 121. Претседателот на Р. Македонија е должен во рок од десет дена конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери:
од
-на кандидат на партијата,односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. (чл.90 устав) 122. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата ја избира Собранието со: -мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.90 устав) 123. Признавањето држави и влади е надлежност на: -Владата на РМ (чл.91 устав) 124. За воспоставување дипломатски и конзуларни односи со други државии за отворање дипломатско-конзуларни претставништва во странство одлучува: -Владата на РМ (91 устав) 125. Начела за внатрешна организација и работа на министерствата и другите органи на управата и насоки утврдува, како и надзор над нивната работа врши: -Владата на РМ (чл.91 устав) 126. Јавниот обвинител го предлага: -Владата на РМ, а го избира собранието (чл.40 ЗЈО) 127. Прашање за (не)доверба на Владата може да поднесат: -најмалку 20 пратеници. - Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството вкупниот број пратеници. Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна поднесе оставка. (чл.92 устав)
од од од да
128. Претседателот на Владата: -Раководи со работата на Владата,одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи ,јавни претспријатија и установи. -до насочува дејствувањето на Владата во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува -ја претставува Владата -ги потпишува прописите и актите што ги донесува Владата и се грижи за нивното спроведување -формира Канцеларија која ќе му помага во вршењето на неговите права и должности кои произлегуваат од Уставот, закон и Деловникот -остварува соработка и со трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица -ужива имунитет,за него одлучува Собранието. (чл.11 ЗВРМ) 129. Според член 95, став 2 од Уставот: -Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа. 130. Органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат: -самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата. (чл.96 устав) 131. Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат: -цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивилни најмалку 3 години. (чл.97 устав) 132. Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со: -закон што се донесува со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (амандман 25) 133. Судијата се избира:
-без ограничување на траење на мандатот (чл.99 устав) 134. Еден од основите за разрешување на судијата е „трајното губење на способноста за вршење на судиската функција“ што се утврдува од: -Судскиот совет со решение, врз основа на документација со наод,оцена и мислење на надлежна здравствена комисија. (чл.49 ЗСС) 135. Согласно член 102, став 1 од Уставот,расправата пред судовите иизрекувањето на пресудата се јавни. Според став 2 на истиот член,јавноста може да се исклучи: -во случаи утврдени со закон 136. Членовите на Судскиот совет се избираат за време од: -6 години со право на уште еден избор. (чл.7 ЗСС) 137. Судскиот совет го сочинуваат: 15 члена од кои -по функција членови на советот се Претседателот на Врховниот суд и министерот за правда -8 члена ги избираат судиите од своите редови.Тројца од избраните членови се припадници на заеднициите кои не се мнозинство во РМ,при што ќе се запази соодветна и правичност застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници -тројца членови ги избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ -двајца членови предлага Претседателот на РМ,а изборот го врши Собранието,од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во РМ.(чл.6 ЗСС) 138. Пониските јавни обвинители имаат: -обврска да изготват годишен извештај за својата работа, кој го доставуваат до непосредно повисокото јавно обвинителлство (чл.23 ЗЈО) 139. Претседателот на Уставниот суд: -го претставува Уставниот суд -ги потпишува одлуките,решенијата и другите акти на Уставниот суд -се грижи за спроведување на деловникот на Уставниот суд -врши и други работи определени со деловникот. (чл.8 ДУСРМ) -се избира на седница од редот на судиите со 2/3 мнозинство гласови, со тајно гласање (чл.7 ДУСРМ) 140. Мандатот на уставните судии е: -9 год без право на повторен избор. (амандман 15) 141. За оценка на согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите одлучува: -Уставниот суд на РМ (чл.110 устав) 142. За судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната,извршната и судската власта решава: -Уставниот суд на РМ (чл.110 устав) 143. Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува: -Уставниот суд (чл.111 устав) 144. За уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните одлучува: -Уставниот суд на РМ (чл.110 устав) 145. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако: -биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција,што го утврдува Уставен суд. (чл.111 устав) 146. Уставот на Р. Македонија во духот на либералните устави:
-ги почитува човекови права 147. Меѓународните договори што се ратификувани во согласност соУставот: Се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. (чл.118 устав) 148. Покрај Претседателот, меѓународни договори може да склучува и: -Владата кога тоа е определено со закон. (чл.119 устав) 149. При постоење на воена или вонредна состојба, до нејзиното завршување, во согласност со Уставот и со законот: -Владата донесува Уредби со законска сила. (чл.126 устав) 150. За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане: -Претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието. (чл.127 устав) 151. Во Република Македонија: -уставот се изменува и дополнува со уставни амандмани (чл.129 устав) 152. Во колку изборни единици, на територијата на Р. Македонија,согласно Изборниот законик, се избираат пратениците? -во 6 изборни единици. (чл.4 ИЗ) 153. По колку пратеници се избираат од секоја изборна единица, на територијата на Р. Македонија, согласно Изборниот законик? -по 20 пратеника( според пропорционален модел). (чл.4 ИЗ) 154. По кој изборен модел се избираат пратениците на територијата на Р.Македонија? - според пропорционален модел (чл.4 ИЗ) 155. Кога предмет на граѓанската иницијатива е предлагање на закон, уставите на земјите, вклучувајќи го и Уставот на Р. Македонија, без исклучок, предвидуваат исполнување на еден претходен услов за процесуирање на истата. Кој? -да е поднесен од овластен предлагач и да се однесува за прашање за кое е надлежно да одлучува Собранието (чл.66 ЗРДОНИГ) -Граѓанска иницијатива на државно ниво за поднесување на предлог за пристапување кон измена на Уставот и за распишување на референдум се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата -Граѓанска иницијатива за предлагање за донесување закон се смета за покрената ако најмалку 10.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата. -Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи. (чл.71 ЗРДОНИГ) 156. Собранието на Р. Македонија, согласно Уставот, мора да распише референдум во три случаи. Еден од нив е следниов: 1.по предлог од 150.000 избирачи (чл.20 ЗРДОНИГ) 2.за усвојување одлука за менување на границата на РМ (чл.23 ЗРДОНИГ) 3.за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави. (чл.20 ЗРДОНИГ)) 157. Иницијативата за предлагање за донесување закон се смета за покрената ако со свои потписи ја подржале најмалку: -10.000 граѓани (чл.71 ЗРДОНИГ) 158. Пасивното избирачко право, кога се работи за Претседател наР.Македонија се врзува за возраст од: -40 год(на денот на изборите да има наполнето најмалку 40 год живот) (чл.80 устав) 159. Мнозинскиот изборен модел со релативно мнозинство за победник го смета: -кандидатот кој во вториот изборен круг добил мнмозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од гласачите (чл.121 ИЗ)
160. Во Република Македонија, шефот на државата: -го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија; -ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; -ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; -предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; -предлага двајца членови на судски совет на РМ; -именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; -именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; -доделува одликувања и признанија во согласност со закон; -дава помилувања во согласност со закон и -врши други функции утврдени со Уставот (чл.84 устав) -е претседател на Советот за безбедност на РМ (чл.86 устав) -е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности (чл.87) -ги склучува меѓународните договори во името на РМ (чл.119 устав) 161. Уставот на Р. Македонија го дефинира Собранието како: -претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката. (чл.61 устав) 162. Конститутивната седница на Собранието ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав: -најдоцна 20 дена по одржаните избори. (чл.63 устав) 163. Пратеникот чија верификација на мандатот е одложена: Се смета дека тој не е избран за пратеник. (чл.5 ЗСРМ) 164. Мандатот на пратениците може да се продолжи: -само во случај на воена или вонредна состојба. (чл 63 устав) 165. Претседателот на Собранието на Р. Македонија се избира со: -Мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (чл.67 устав) 166. Според Амандманот X на Уставот на Р. Македонија, Собраниетo можеда одлучува ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници и тоа со следново мнозинство: -собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници,а најмалку со 1/3 од вкупниот број пратеници,ако со уставот не е предвидено посебно мнозинство. -за закони кои директно ги засегаат културата,употребата на јазиците,образованието,личните документи и упоребата на симболите,Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните ,при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ. 167. По скратена постапка во Р. Македонија се донесува: -закони (деловник на собранието) 168. Мандатот на претседателот на Р. Македонија изнесува: -5 години (чл.80 устав) 169. Кандидат за претседател на Р. Македонија може да предложат: -најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници (чл.81 устав) 170. Претседател на Советот за безбедност на Р.Македонија е: -Претседателот на Републиката (чл.86 устав) 171. Членови по функција во Судскиот совет на Р. Македонија се: -Претседателот на Врховниот суд на РМ и министерот за правда. (чл. 6 ЗСС)
172. Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива во Р. Македонија на државно ниво се доставува до: -претседателот на Собранието (чл.67 ЗРДОНИГ) 173. Согласно Уставот на Р. Македонија, предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз со други државиможе да поднесат: -претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници (чл.120 устав) 174. Согласно претставничкиот мандат: -Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување. (чл.62 устав) 175. Начинот и условите под кои определени добра од општ интерес можатда се отстапат на користење (на пр. рудните и други природни богатства) според Уставот на Р. Македонија: -Се уредуваат со закон. (чл.56 устав) 176. Темелна вредност на уставниот поредок на Р. Македонија е: -основни слободи и права на човекот граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот -слободно изразување на национална припадност и соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа -владеење на правото -поделба на државната власт на законодавна извршна и судска -политички плурализам и слободни,непосредни и демократски избори -правна заштита на сопственоста -слободата на пазарот и претприемништвото -хуманизам,социјална правда,солидарност -локална самоуправа -уредување и хуманизација на просорот и заштита и унапредување на животната средина и на природата -почитување на општо прифатените норми на меѓународното право. (чл.8 устав) 177. Според Уставот на Р. Македонија пратениците: -Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување. Пратеникот не може да биде отповикан. Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.62 устав) -Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите. Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба. Cо закон се утврдува неспојливоста и неизберливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии. Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници. (чл.63 устав)
биде
178. На пратеникот во Собранието на Р. Македонија може да му одземен мандатот:
-кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник и -за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од 6 месеци. 179. Предлог за основање анкетна комисија во Собранието на Р.Македонија можат да дадат: -најмалку 20 пратеници (чл.76 устав) 180. Овластени предлагачи на закони во Р. Македонија се: -секој пратеник во Собранието, Владата на РМ и најмалку 10.000 избирачи. (чл.71 устав) 181. Со амандманот XI од 2001 година на народниот правобранител му се даде следната надлежност: - Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби. 182. Функцијата претседател на Република Македонија: -може да ја врши лице кое на денот на изборите наполнило најмалце 40 год. живот и кое до денот на изборите било жител најмалку 10 години во последните 15 год. (чл.80 устав) -е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. 183. Претседателот на Р. Македонија според Уставот го известува Собранието на Р. Македонија за прашања од неговата надлежност: -најмалку еднаш годишно (чл.85 устав) 184. За одговорноста на Претседателот на Р. Македонија одлучува: -Уставниот суд на РМ со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број судии. (чл.83 устав) 185. Ако на Владата на Р. Македонија и е изгласана недоверба, таа: -е должна да поднесе оставка (чл.92 устав) 186. Јавниот обвинител на Р. Македонија, според Уставот: - Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. -Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители. Надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Јавниот обвинител на Република Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување. Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот. При изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. За разрешување на јавните обвинители одлучува Советот. Надлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон. Основите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители се уредува со закон. Функцијата Јавен обвинител на Република Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.
Се забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство. (чл.106 устав) 187. Локалната самоуправа во Р. Македонија е: -едностепена - е облик на јавна управа каде жителите на извесно подрачје образуваат заедница која е признаена од централната власт и како таков има специфичен правен статус -единици на локалната самоуправа се општините -општините се правни лица -општините ги извршуваат своите надлежности преку органи избрани непосредно од граѓаните (чл.3 ЗЛС) 188. Согласно член 58, став 2 на Уставот, учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на: -стручност и компетентност 189. Според Уставот, Собранието на Р. Македонија има: -120-140 пратеници (чл.62 устав) 190. Постапката за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија заради кршење на Уставот и законите вовршењето на правата и должностите, ја покренува: -Собранието со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (чл.87 устав) 191. Доколку не се закаже конститутивната седница на Собранието на Р.Македонија во уставно предвидениот рок: -пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21 ден од денот на завршување на изборите. (чл.63 устав) 192. По сила на Уставот на пратеникот во Собранието на Р. Македонија му престанува мандатот: -ако сам си поднесе оставка -кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. (чл.65 устав) 193. Според Уставот, Собранието на Р. Македонија се распушта: -ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници. (чл.63 устав) 194. Функцијата Претседател на Собранието на Р. Македонија: -е неспојлива со вршење на друга јавна функција,професија или функција во политичка партија. 195. Референдумот, според Уставот на Р. Македонија го распишува: -Собранието на РМ (чл.73 устав) 196. Народниот правобранител: -е орган на РМ кој ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти,дејствија и пропуштања на дејствија од органие на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодвена и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт,органите на единиците на локалната самоуправа и јавни установи и служби.(чл.2 ЗНП) Народниот правобраниел е независен и самостоен во вршењето на функцијата. Работите од својата надлежност ги врши врз основа и во рамките на Уставот,законот и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. (чл.3 ЗНП) 197. Кандидатот за претседател на Р. Македонија треба: -да е државјанин на РМ, на денот на изборите да има наполнето најмалку 40 год живот,и да било жител на РМ најмалку 10 год,во последните 15 год. (чл.80 устав) 198. Во вториот изборен круг за претседател на Р. Македонија избран е кандидатот кој добил:
-мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале избирачите. (амандман 31)
повеќе од 40% од
199. Прашањето за недоверба на Владата во Р. Македонија може да биде поставено од: -Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници. (чл.92 устав) 200. Судовите во Р.Македонија судат: -врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со (амандман 25) 201. Активното избирачко право во Р. Македонија значи: -право на секој државјанин на РМ да избира, ако ги исполнува условите (да наполнил 18 години живот, да има деловна спсообност, да е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.) (чл.6 ИЗ) 202. Изборниот систем во потесна смисла претставува: -со закон регулирана техника, модус или формула на пребројување на гласовите и нивно операционализирање во конкретни мандати во преставничкиот дом 203. Пратениците во Собранието на Р. Македонија: -ги претставуваат граѓаните и во Собранието одлучуваат по свое уверување. Се избираат на општи,непосредни и слободни избори со тајно гласање за време од 4 години пратеникот не може да биде отповикан (чл.62 устав) - Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили. Пратеникот има право на надомест утврден со закон. (чл.64 устав) 204. Собранието на Р. Македонија може да се конституира: - Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите. (чл.63 устав) 205. Одземањето на мандатот на пратениците го утврдува Собранието на Р.Македонија со: 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници,а мандатот престанува на денот на одржување на седницата на Собранието на која е донесена одлуката за одземање на мандатот. (чл.65 устав и чл.6 ЗС) 206. Собранието на Р. Македонија има постојана анкетна комисија за: -Заштита на слободите и правата на граѓанинот (чл.76 устав) 207. Согласно процедуралниот имунитет (кој го штити пратеникот надвор од Собранието), гарантиран со Уставот на Р. Македонија: -Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.